Класична Конзола за точење пијалаци

Класичната Конзола за точење совршено ќе одговара во вашиот ресторан, бар, хотел,
спа или кафетерија, особено доколку имате голема фрекфенција на гости. Со само еден
потег ги пренесувате сите пијалоци од просторот за складирање до вашиот бар.
Можете слободно да се збогувате со пијалаците во тетрапак и во шишиња кои зафаќаат
многу простор и одземаат многу време во нивно сортирање.


Овој апарат во комбинација со нашите производи е идеално решение со кое добивате
поголем простор за складирање, ладење и отпад.

Конзолата е достапна во разни опции од 6,8,10 или 12 отвори за точење на
безалкохолни пијалаци, сода, вода или вино. Исто така достапна е и дополнителна
славина за пиво. Друга попривлечна опција е употреба на бар-ган.