About Us

Рондо Трејд е компанија која датира од 2005 година.

Основна дејност  е поставување, продажба и сервис на автомати за топли и ладни напитоци, снек автомати, машини за сокови,  нудејќи решенија за хотели, барови, ресторани, казина, деловни простории…

Употребуваме исклучиво производи со врвен квалитет од познати производители.

Рондо Трејд е увозник и застапник на:

– Најдобриот бренд на еспресо кафе Сан Џусто, Го кафе и Горицијана од италијанскиот производител Torrefacione Goriziana;

 -Целиот асортиман на словенскиот производител Nektar Natura нудејќи најсовремени системи за точење на пијалоци од највисок квалитет и

– Системи за филтрирање на вода од познатиот производител Energy Water од Грција.

Нашиот тим е составен од високо стручен кадар секогаш подготвен за одржување, поддршка, достава и продажба на територијата на целата држава.

Располагаме со  магацински простор од 400м2 и административен дел во населено место с. Косел – Охрид,  како и современо опремена продавница во централниот дел на Охрид  која нуди широка палета апарати за кафе, производи од кафе (еспресо во зрна, капсули и дози), алкохол и цела линија на филтри за вода и најсовремени системи за филтрирање на вода – реверзна осмоза.

Повеќе од 14 години сме конкурентни на пазарот стремејќи се кон задоволување на потребите и желбите на клиентите во тек со сите најнови достигнувањa во  технологијата.